По повод почетокот на престојните велигденски пости Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 26-ти февруари (недела)- Прочка, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско, со почеток во 16 часот ќе се служи вечерна богослужба (едноцрквие).

Исто така од понеделник до четврток ќе биде едноцрквие во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско. Утрена со часови и вечерна во 7 часот. Големо повечерие со канонот на Св.Андреј Критски во 16 часот.

На 1-ви март, среда, ќе се одржи архиерејска преждеосвештена литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреовештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.

OhridNews