Дебарско-кичевската епархија ги
известува своите православни верници дека на 31 јануари 2010 година
(недела), во црквата „Свети Атанасиј Велики“, метох на манастирот
„Свети Наум Охридски“, ќе се служи света архиерејска литургија, по
повод празникот на „Свети Атанасиј Велики и Неделата на блудниот
син“.Со богослужбата која почнува во 8.45 часот, ќе чиноначалствува
неговото високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г.
Тимотеј.


По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

Ohridnews