Јусеин Болт ја врати светската круна на 100 метри откако со време 9.77 триумфираше на Светското првенство во Москва.

Јамајканецот не дозволи реприза од неуспешниот настап на мундијалот во Даегу пред две години кога поради лош старт беше дисквалификуван.

Втор на пиедесталот со време 9,85 заврши Џастин Гетлин додека трет финишираше сонародникот на Болт,  Неста Картер со време од 9,95.

Најбрзиот човек на светот на СП во Москва ќе настапи уште на 200 метри и штафетата 4 по 100 метри.

Мх.П.