Со свеченост што ќе се одржи денеска во во Центарот за обука на вода во Охрид, ќе биде одбележан 18-ти Август – Денот на АРМ.

На свеченоста, како што е најавено, ќе присуствуваат: Претседателот на Република Македонија и Врховен командант Ѓорге Иванов, Претседателот на Собранието на Република Македонија  Трајко Вељаноски, поранешните претседатели на Република Македонија,  Министерот за одбрана г-дин Фатмир Бесими, министри во Владата на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ на АРМ, пензионирани генерали на АРМ, високи гости од повеќе институции во Република Македонија, амбасадорите, воените аташеа, високи воени претставници акредитирани во Република Македонија и други високи гости.

На централната свеченост по повод Денот на АРМ, за прв пат ќе се изврши церемонија за примопредавање на должноста Началник на Генералштабот на АРМ, на која денеска, должноста ќе ја прими деветтиот Началник на Генералштабот во историјата на АРМ.  Според протоколот на свеченоста, со пригоден говор на присутните ќе им се обратат: Претседателот на Република Македонија, Министерот за одбрана, досегашниот и новопоставениот Началник на Генералштабот на АРМ.

Во текот на централната свеченост, во чест на Денот на АРМ во Охрид ќе се изврши прелет со два борбени хеликоптери Ми-24 од составот на воздухопловниот ВИНГ на АРМ.