Бугарскиот премиер Бојко Борисов заедно со премиерот Зоран Заев и претседателката на Еврејската заедница во Македонија, Берта Романо Николиќ ќе маршираат од пред Музејот на Град Скопје до зградата на поранешен Монопол. „Маршот на живите“ е посветен на депоратираните 7144 Евреи. Бојко Борисов е првиот бугарски премиер кој ќе учествува на одбележување на годишнина од депортацијата на Евреите од Македонија.
Делегациите денес ќе ја проследат и пленарната седница во Собранието посветена на депортацијата на Евреите во логорот Треблинка. Во официјалната бугарска делегација најавени се и претставници на еврејската заедница во Бугарија.
Овие активности се во рамки на одбележувањето на 75. години од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка.
OhridNews
Макфакс