Со пригодна свеченост, што ќе се одржи денеска во Дебрца, општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941 – 1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебарца и Општина Дебарца, ќе го одбележат 9-ти Мај, Денот на победата над  фашизмот и Ден на Европа.

По тој повод делегации ќе положат цвеќе пред споменикот на паднатите борци во НОБ, „Кременатец’ во месноста Раштани – Дебарца, по што пригодно обраѓање ќе има Наце Иваноски –професор по историја.

Исто така предвиден е и прием на гостите на свеченоста во просториите на зградата на Општина Дебарца, како и посета на спомен собата на НОБ и ликовната колонија „Дебрца“.

OhridNews