Здружението на деца заболени од церебрална парализа денеска приредува свечен божиќен ручек за своите членови во црквата „Света Богородица-Каменско“.

На децата  им се доделуваат и новогодишни пакетчиња, кои, како што вели пртседателката, Наташа Чочегова се обезбедени благодарение на бројните донатори и хумани луѓе.

Традиционално, Здружението, секоја година за своите членови организира новогодишна забава и божиќен ручек.

Ohridnews