Формирани е тим кој има задача да го координира Општинскиот кризен штаб во врска со справување со последиците од КОВИД-19, без стручни лица во него и исклучиво за партиски потреби на СДСМ, обвини денеска на прес конференција портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Перчо Божиноски.

Опозцијата побара одговор од градоначалникот Георгиески зошто e формираno паралелно тело на Општинскиот кризен штаб и каква задача ќе има истиот?

Дали во рамки на ова чудно тело и по состав и по функција има барем еден доктор?
Дали вкупниот буџет кој се одвојува за членовите е повисок од платата на Градоначалникот на Охрид и Директорот на Општа болница во Охрид?
Дали преку ова тело под превезот на борба со КОВИД-19 се изигрува одлуката на Антикорупциска комисија за неможност за привремени вработувања во време на избори и ова е единствениот начин за вдомување на партиските послушници на СДСМ?
Дали координатор на ова тело е најблизок соработник на градоначалникот Георгиески, дел од неговиот кабинет и за колкав надомест го работи тоа? – праша Божиноски.

OhridNews