Охрид претставува ризница на културни, традиционални, историски и религиски вредности. Охрид е центар на многу меѓународни манифестации, национални културни настани, концерти и претстави, изложби и промоции Уникатните вредности на градот ни даваат насока и обврска за културен ефект во секоја активност којашто ја цениме како промотор на градот, зголемување на неговите вредности и зачувување на градските ликови и нивните дела вели на денешната прес конференција Перчо Божиновски, шеф на центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

За културен блесок на Охрид гарантираме меѓународна културна промоција на градот преку поддршка на културни и верски манифестации, продолжување на традицијата и негување на верските обичаи, поддршка на издавачка, музичка, литературна, театарска, филмска и друга сценска дејност, додава Божиновски.

OhridNews

.