Кирил Божиновски и Миле Јанакиески обвинети во предметот на СЈО, Титаник 1, и поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ излегуваат од Шутка во домашен притвор.

Апелација им го укина притворот во Шутка и им одреди побалага мерка, откако СЈО вчера даде предлог да им се определи куќен притвор. Со одлука на скопска апелација дома денеска си одат и Зорица Арсовска, Ненад Јосифовиќ, притворени за истрагата Империја. Одлуките апелација ги донела претпладнево на седници затворени за јавноста.

OhridNews