Ненавременото и неажурно функционирање на јавните претпријатија кое доведе до еколошка катастрофа во градот, сега сака да се надополни со еколошка акција спроведена во неработен ден, во сабота, велат од општинската ВМРО ДПМНЕ од каде додаваат дека администрацијата не треба да се злоупотребува за политички целии собирање политички поени.

– Апсурдно е кога се укинуваат сите денови каде што треба да се спроведат еколошки акции како што е Денот на екологијата, Денот на дрвото, Денот на еколошката акција на младите, присилно да се спроведуваат акции каде што вработените задолжително треба да се присутни. Со вакви и слични акции каде што општинската администрација е присилена преку правење списоци во Локалната самоуправа, не се покажува грижата за чист и еколошки Охрид. Токму оваа локација им беше посочена на градоначалникот Јован Стојаноски и директорот на ЈП „Комунналец” пред два месеца на седница на совет и не најдоа време да ја исчистат. Затоа во иднина ќе бидеме приморани јавно да ги презентираме ваквите локации сѐ со цел да извршиме притисок тоа да го сторат, вели Перчо Божиновски шеф на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

OhridNews