Од општинската ВМРО ДПМНЕ денес со обвинувања дека наместо доизградба на затворениот пазар, пазарџиите и ова лето се оставени без основни и елементарни услови за функцинирање. Портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски, праша Зошто не е завршена градбата на затворениот пазар иако истата досега требало да биде завршена?

  • Свеченото отворање веќе неколку пати се пролонгира, па беше најавено во март од кое нема ни трага, а за скоро ќе помине и целата летна сезона. Зошто се дозволи да биде пробиен рокот за изградба на новиот објект? Што се случи со поставувањето нов покрив, нова фасада и поделба на хала за текстил на две нивоа? Каква е таа комисија што ќе се формира и на кој начин истата ќе склучи Анекс на договорот?, праша Божиновски.

Божиновски побара одговорност од градоначалникот и директорката на ЈП Градски пазар, затоа што, како што рече, „Градски Пазар“ трпи големи загуби.

OhridNews