Брачен пар нападнат по сообраќајка, во акциска контрола санкционирани пешаци и такси возачи
19.02.21 13:26
Ноќеска околу 2.30 часот, се случил инцидент откако се судриле две возила на булеварот „Туристичка“. Како што информира СВР Охрид, три лица кои се наоѓале во едно од возилата физички ги нападнале возачот на другото возило и неговата сопруга, сите од Охрид.
Против напаѓачите, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава. – соопшти полицијата.
Вчера во периодот од 08 до 12 часот на подрачјето на СВР Охрид, при акциска контрола санкционирани биле 28 пешаци против кој се поднесени соодветни прекршоци. Истиот ден полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, реализира акциска контрола кон такси превозници кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, на регионалниот пат Охрид-Струга, во нелегален такси превоз без соодветна лиценца за превоз на патници во внатрешниот сообраќај, затекнати биле две лица од Струга како вршат незаконски превоз со своите возила.
Против нив, ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира СВР Охрид.
Вчера во 18:30 часот во ПС ГН Охридско Езеро било пријавено дека во близина на месноста „Извиднички“, на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро, се превртело кану управувано од 57-годишно ли...
Системот за безбедност во сообраќајот „Safe city“ на територијата на СВР Охрид која ги опфаќа општините Кичево, Дебрца, Охрид, Струга, Вевчани, Дебар и Охрид стапува целосно во функција на 12 окто...
Денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер Максималната темпера...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.