Одложената проекција на детскиот филм „Брат ми брка диносауруси“ (Mio Fratello Rincorre Dinosauri) ќе биде прикажана вечерва  на кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид.
Проекцијата е со почеток од 18:00 часот, а влезот е 100 денари.

Приказната во 101 минута раскажува за Џакомо кој отсекогаш сакал да има мал брат за да си игра, а од кога ќе се роди, неговите родители му велат дека неговиот брат е „специјално“ дете. Тогаш, помалиот брат Џовани, се претвора во суперхерој со неверојатни моќи во фантазијата на неговиот голем брат, како оние во неговите стрипови. Со текот на времето, Џакомо ја дознава вистината: неговиот брат има Даунов синдром, состојба која одлучува да ја чува во тајност. Кога оди во средно училиште и се вљубува во Аријана, тој го крие постоењето на Џио од неа и неговите нови пријатели. Но, како можеш да очекуваш некој да те сака ако сокриеш толку важен дел од себе? За кратко време, вистината излегува на виделина и Џакомо сфаќа дека енергијата и виталноста на Џио се заразни. Оригиналниот изглед на Џио навистина го менува светот, исто како суперхерој.

 

OhridNews