Бреинобреин Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид на шестиот Интернационален Бреинобреин натпревар кој се одржа на 9 јануари 2021 година постигна забележителен успех. На онлајн натпреварот учествуваа 25 000 млади натпреварувачи од 45 земји во светот. Нашата држава ја претставуваа 188 деца од БОБ центри од 10 градови, кои се натпреваруваа во 37 категории.

Од охридскиот Бреинобреин-Црвен крст Охрид центар, на светскиот БОБ натпревар учествуваа 52 деца кои освоија 14 шампионски трофеи, 22 златни медали и 16 сребрени медали.

Овој успех се должи на вложениот труд и упорноата работа на децата, несебичната и професионална посветеност на тренерите и поддршката на родителите. Во огромна конкуренција, интернационално мерливите резултати потврдуваат дека нашите бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот. – истакнуваат од охридскиот Црвен крст, посочувајќи дека во тек е се уписите на деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма .

OhridNews