Полицијата денеска соопшти детали за тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа во 20:30 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на селото Издеглавје-општина Дебарца.
Во несреќата учествувале два патнички автомобила со охридски регистарски ознаки, „Волксфаген Џета“ управуван од 22-годишно лице и „БМВ“, управувано од 45-годишен граѓанин, двајцата од Охрид. Тие се здобиле со тешки телесни повреди и се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Со тешки телесни повреди се здобила и 26-годишна државјанка на Русија-сопатник во второто возило, која е пренесена на натамошно лекување во Клинички Центар Скопје. – информира СВР Охрид.
Увид на местото на незгодата извршиле полициски екипи.
OhridNews












