Од Институтот за јавно здравје информираат дека во Македонија, во сезоната 2019/2020, регистрирани се вкупно 16.417 случаи на заболени лица од грип и заболувања слични на грип. Во споредба со истиот период од минатата сезона постои зголемување на вкупниот број на пријавени случаи за 74,4%.

Само во последната недела, пријавени се 5.660 случаи со грип/ заболувања слични на грип, што претставува зголемување за 56,6% во споредба со минатата недела.

Најголем број на случаи се регистрирани во Скопје, Струмица, Кавадарци, Тетово и Гостивар. Според бројот на заболени лица „води“ Кавадарци каде се регистрирани вкупно 1.440 случаи.

Во текот на оваа недела, регистрирани се и три смртни случаи асоцирани со грип. Се работи за лица на различна возраст, од 14-85 години од Скопје, Кочани и Пробиштип кои биле хоспитализирани на различни клиники во УКЦ Мајка Тереза во Скопје. Кај сите починати лица утврдено е присуство на коморбидитети и ниту еден од нив не бил вакциниран со вакцина против сезонски грип. Кај трите лица, лабораториски е потврдена Influenza A/H1pdm.

OhridNews