Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до вчера се заразени 36.562.626 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.062.952 пациенти, а оздравеле 27.517.395 луѓе.

Во регионот, во Грција се регистрирани 436 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број заразени се зголеми на 21.381 лица. Во оваа земја од коронавирусот починаа уште шест лица, вкупно 430 од почетокот на епидемијата.

Франција вчера соопшти дека бројот на новозаразени со вирусот во изминатите 24 часа е зголемен за 18.129. Ова е втор ден по ред како бројот на новозаболени ја надминува бројката од 18.000 и е само нешто помалку од рекордот поставен во средата – 18.746.

Бројот на новозаразени со вирусот е зголемен во Италија за 4.458, објави италијанското Министерство за здравство. Ова е првпат бројот на новоинфицирани да надмине 4.000 од средината на април. Дваесет и две лица починаа во изминатите 24 часа, што е помалку од претходниот ден кога бројот на смртни случаи беше 31. Италија беше првата земја во Европа погодена од вирусот, имаше најголем број на смртни случаи по Велика Британија на европскиот континент – 36.083 и вкупно 338.398 заразени.

OhridNews