
Макотрпноста на создавање медиум кој ја има довербата на јавноста е еднаква на одењето по трнлив пат – ми потврди моето животно искуство како поранешен активен новинар, коментатор и уредник. „Охридњуз“ го помина тој пат многу успешно и брзо што, сметам дека, е резултат на професионалноста, благовременоста и објективноста односно непристрасноста.
Во тоа име ви ги упатувам честитките по повод 10.000 -та објавена информација со желби за уште поголема читаност и со седум бројки заокружени јубилеи на објавени информации.











