Со бројни свечености во Охрид ќе биде одбележан 24-ти Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј.
По тој повод, утре во 10 часот и 30 минути, во Домот на култура во населбата Кошишта ќе се одржи панихида, по што концерт ќе има КУД „Гердан“.
Во 11 часот пред споменикот на Светите Кирил и Методиј во градскиот парк ќе биде положено свежо цвеќе, каде пред присутните ќе се обрати градоначалникот Јован Стојаноски.
Чествувањето ќе биде заокружена со доделување на награди за најдобрите ученици од основните и средните училишта во општината.
OhridNews












