Во последните триесет години бројот на дијабетичари во светот двојно е зголемен. Денес од оваа болест страдаат околу 350 милиони луѓе. 14-ти ноември се одбележува како Светски ден на борба против дејабетес (World Duabetes Day), со цел да се сврти вниманието на луѓето кон оваа болест.

Иницијативата за одбележување на Светскиот ден на борба против дијабетес ја покрена Меѓународнатра федерација за дијабет (International Diabetesrederation – IDF) и Светската здравствена организација (WHO) 1991 година како одговор на глобалната епидемија на дијабет.

Како датум на кој се одбележува овој ден е одбран 14 ноември, роденденот на Фредерик Бантинг чиј труд заедно со Чарлс Бест доведе до откивање на инсулинот во октомври 1921 година. На Генералното собрание на Обединетите нации одржано на 20 декември 2006 година е усвоена Резолуцијата за дијабет, а 14-ти ноември беше востановен за Светски ден на борба против дијабет.

Пред две години  отпочна глобална кампања која ќе трае до 2013 година, чија главна цел е подигање на свеста кај луѓето за  превенција од дијабетeс, влијанието на дијабетот на животот на заболените и значењето на мерките неопходни за контрола на болеста.

Светскиот ден на дијабетот, 14-ти ноември, се одбележува и во Охрид. По тој повод приватната здравствена установа„Дарон“ за прв пат ја организира акцијата “Месец на дијабетот во ДАРОН“, која во иднина е планирано да прерасне во традиционална активност за поддршка и помош на дијабетичарите во Охрид.

Акцијата која „Дарон“ ја реализира во соработка со Здружението на дијабетичари од Охрид, е поддржана од Лајонс клубот „Охрид“.


До 31 ноември охриѓани во ПЗУ „Дарон“ ќе можат бесплатно да измерат гликолизиран хемоголобин, попознат како тримесечен шеќер  (ХбА1ц). За таа намена обезбедени се 120 тестови, а доколку има поголем интерес ќе бидат обезбедени дополнителни 120 тестови, информираа од ПЗУ „Дарон“.

ПЗУ „Дарон“ и Здружението на дијабетичарите Охрид изработија ваучери за бесплатни лабораториски анализи за тримесечен шеќер, а заинтересираните истите можат да ги подигнат преку Здружението на дијабетичерите Охрид на ул. „Јане Сандански“  бр. 11. 

Инфо за болестa

Што е дијабетeс?
Дијабетeс се развива кога организмот не може правилно да одговори на гликозата. Како резултат на тоа, луѓето со дијабетис може да имаат абнормално високи нивоа на гликоза во крвта, ако состојбата не се контролира.

Типови дијабетeс
Постојат два типа дијабетeс: тип 1 и тип 2. Типот 1 со поголема веројатност може да се појави кај помлади луѓе, обично до 40-тата, иако може да се развие на било која возраст. Овој тип се развива кога се уништуваат ќелиите во панкреасот кои произведуваат инсулин. Инсулинот е хормон којшто ги регулира нивоата на гликоза во крвта. Овој тип дијабетис е поретка појава, афектира од 5% до 15% од дијабетичарите. Се третира со инсулински инјекции и здрава прехрана.

Дијабетeсот од типот 2 обично се дијагностицира кај постари луѓе – колку сте постари, ризикот е поголем. Меѓутоа, може да се јави и кај помлади луѓе, а понекогаш и кај деца. Овој тип дијабетeс може да се третира со прехрана и со вежбање, иако често пати се потребни и лекарства, а понекогаш и инсулин.

Колкав е ризикот да заболите од дијабетeс?
Не може со сигурност да се каже кои луѓе заболуваат од дијабетeс од тип 1, но голема е веројатноста луѓето кои имаат близок роднина со дијабетeс, да развијат дијабетeс.
Со голема веројатност може да заболите од дијабетeс тип 2 ако:
•    имате роднина со дијабетeс (родител, брат или сестра);
•    имате прекумерна тежина;
•    имате повеќе од 40 години;
•    сте имале дијабетeс за време на бременоста;

Дали дијабетeсот може да се спречи?
Не постои сигурен начин како да се спречи дијабетeс. Меѓутоа, здравата и балансирана исхрана, регуларната физичка активност и намалувањето на тежината ако сте претешки, може да да ја задоцни појавата на оваа состојба.

Дијабетски производи
Диетичарите обично не препорачуваат специјални производи за дијабетичари. Храната којашто обично се нарекува “дијабетска” не е неопходно поздрава или посоодветна за дијабетичарите, а вообичаено е поскапа. Многу од производите кои се нарекуваат “дијабетски” се колачи, чоколада и бисквити. А, општа препорака е да се избегнува ваквата храна.

Каква храна треба да јадат дијабетичарите?
Луѓето со дијабетeс треба да ја одржуваат телесната тежина здрава и да консумираат храна:
•    сиромашна со масти (посебно заситени масти);
•    со малку шеќер;
•    со малку сол;
•    богата со овошје и зеленчук (најмалку 5 порции дневно);
•    богата со сложени јаглехидрати (скробна храна – житарки, пожелно од цели зрна);

Генерално, нема храна која луѓето со дијабетeс не треба да ја јадат. И нема потреба целосно да се исфрли шеќерот од исхраната. Но, како и секој, дијабетичарите треба да јадат мали порции храна богата со шеќер и масти. Колачи и бисквити треба да јадат оскудно, како дел од балансираната исхрана.

OhridNews