Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2013 година изнесува 111.620, а бројот на ноќевањата изнесува 515069.

Бројот на туристите кои ја посетиле Македонија во јули 2013 година, споредено со  јули 2012 година, е намален за 4.5%, а бројот на ноќевањата е намален за 5.6%.

Бројот на домашните туристи во јули 2013 година, во однос на јули 2012 година, е намален за 13.1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 10.3%.
Во периодот јануари-јули 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2.8% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 7.1%, а кај странските има зголемување за 11.4%.