Боксерот Арсим Етеми од клубот “Алексо Огненовски” се закити со бронзен медал на силниот меѓународен боксерски турнир “Београдски победник” кој се одржа минатата недела во Белград, соседна Србија.
Етеми во полуфиналниот двобој беше поразен од српскиот боксер со руско потекло Владимир Мирончиков, кој пак во финалето го совлада и украинскиот боксер Сергеи Хорсков, освојувајќи го златниот медал.

OhridNews












