Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2015 година изнесува 31.644 денари. Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за месец Јануари до Декември 2015 година.

•    Најниската основица за пресметка на придонесите за 2015 година изнесува 15.822,00 денари (50% од 31.644)
•    Највисока основица за пресметка на придонесите за 2015 година изнесува 189.864,00 денари (6 џ 31.644)

Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер (МПИН) од 28.01.2014 година, која го содржи новиот параметар.

Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2015 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.

OhridNews