Советот на Општина Дебрца, со 10 гласа “за” го донесе Буџетот на општина Дебрца за 2022 година и Годишните развојни програми на општината за 2022 година. Вкупниот буџет е проектиран на износ од 112.000.000 денари.
Основната цел на буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на повеќе проекти. На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и проекти кои што ќе значат зајакнување на социјалната кохезија помеѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во општината, информираат од Општина Дебрца.
На изготвувањето на буџетот претходеше транспарентна постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во поглед на креирање на буџетот за 2022 година.
Во буџетот за 2022 година предвидено е реализација на капитални инфраструктурни проекти, проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, руралниот туризам и други, додаваат во соопштението од општината.
OhridNews












