Предлог- одлука за усвојување на буџетот на општина Охрид за 2022 година и Предлог-одлука за извршување на буџетот на општина Охрид за 2022 година пред советниците на усвојување во среда идната недела на шестата седница на Советот на општина Охрид. На седницата на дневен ред се 71 точка.

Меѓу нив Предлог-програми за поттикнување на развојот на туризмот, за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2022 година, за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2022 – 2024 година, за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за 2022 година, за заштита на животната средина и природата за 2022 година, за спорт и рекреација за 2022 година, за млади и невладини организации за 2022 година, за активностите на општина Охрид во областа на основното образованието за 2022 година.

Предлог-програма за работа на Советот на општина Охрид за 2022 година. Предлог-одлука за начинот на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти. Предлог-одлука за усвојување Локална стратегија за млади на општина Охрид. Предлог-одлука за отстапување на времено користење простор и спроведување на постапка за формирање на Стартап Центар (Smart Ideas Hub).

На дневен ред се и Предлог-развојни програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното и средно образование 2022-2024 година, како и во областа на детската заштита 2022-2024 година. Предлог-годишни програми на општина Охрид за детска, здрaвствена и социјална заштита за 2022 година.  Предлог-програми за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2022 година, одбележување празници и манифестации во 2022 година.

Предлог-одлука за усвојување на програмата за работата на Јавните претпријатија Предлог-одлуки за разрешување и именување членови во Училишните одбори во основните и средни училишта.

OhridNews