Голманот на двократниот првак во Лигата на Шампиони, Јувентус, Џајнлуиџи Буфон пред мечот со Селтик во 1/8 финалето верува во искуството на своите фудбалери дека нема да потклекнат на пеколната атмосфера што ќе ја направат навивачите на “келтите“.

– Публиката е 12-ти играч на Селтик, ако нив успееме да ги запреме и екипата игра многу потешко. Пред десет години одигравме натпревар со Селтик во ЛШ, тогаш јас бев резерва. Во одличен меч Јувентус претрпе пораз 4-3, но се што ми остана во сеќавање беше фантастичната атмосфера на трибините – потенцираше Буфон.

Натпреварот помеѓу Селтик – Јувентус се игра во стандардниот термин 20:45 часот.

Мх.П.