Во Бугарија вчера беа погребани петнаесете жртви во бродската нереѓа која на 5-ти октомври се случи на Охридското Езеро.

Во градот Пирдоп најблиските и пријателите се простија од жртвите. Почит им оддаде и македонс делегација предводена од министерот за надворешни работи, во која беше и градоначалникот на Охрид Александар Петрески и претставници на градскиот совет.

– Моето присуство беше израз на
најдлабоко сочуство и тага од името на македонската Влада и на
македонските граѓани за трагичниот настан што се случи во Охрид.
Сочуствуваме длабоко со семејствата на загинатите, но и со соседна
Бугарија. Оваа трагедија ги погоди сите бидејќи се загубени невини
човечки животи, изјави шефот на македонската дипломатија, Милошоски.

Ohridnews