Здружението на граѓани “5 – Септември“ доби плакета од општината Пирдоп, Бугарија за “Иницијатива на годината“. Наградата охриѓани ја добиле на средбата  помеѓу охридскиот Ротари клуб  и Ротари клубот од Пирдоп.

Во бродската несреќа која се случи во Охридското Езеро на 5-ти септември годинава, најголемиот дел од загинатите беа томку од оваа општина во Бугарија.

Ова е прва ваква награда за здружението со која се потврдува и оправдува постоењето и активностите на „5- Септември“. – рече Сашо Алче на денешната средба со новинарите.

Ова здружение  беше формирано непосредно по несреќата на бродот Илинден. Во делот од своите активности здружението организираше  престој за најблиските на  загинатите бугарски туристи во Охрид. Во рамките на тој  престој, беше организирана панихида за загинатите,  а  во месноста каде што се случи несреќета беше  положено свежо цвеќе.

Целта на контактите со бугарските општини, од каде што потекнуваат загинатите туристи има за цел да ги продлабочи врските, за да не се создаваат нови тензии околу несреќата и да се зближат двата народа -рече Владо  Павловски секретарот на охридскиот ротари клуб.

Од здружението најавуваат изградба на спомен парк и тоа на кејот на Охридското Езеро кај хотелот Денариус.

фото : Емилио

М.П./ Е.Е.