Германската Бундес лига има нов владетел. Баерн Минхен ја прекина доминацијата на Борусија Дортмунд и ја освои 23-та титула во најсилната германска лига.


Во 28-та рунда “црвено белите“ со минимални 1-0 славеа на гостувањето против Ајнтрахт Франкфурт и направија бодовна предност која е недостижна за ниедна екипа до финишот на сезоната.

“Баварците“ од почетокот на сезоната најавија дека ќе атакуваат на титулата во Бундес лигата, а тоа го направија на фантастичен начин победувајќи на 24 натпревари од 28 и шест рунди до крај сосема заслужено се радуваат на “покалот“.

Резултати : Леверкузен – Волфзбург 1-1, Дортмунд – Аугзбург 4-2, Ајнтрахт – Баерн Минхен 0-1, Вердер Бремен – Шалке 0-2, Хамбургер – Фрајбург 18:30 часот.

Табела : Баерн Минхен 75 бодови, Дортмунд 55, Леверкузен 49, Шалке 45….

Мх.П.