Министерството за транспорт и врски и компанијата „Bureau Varitas“ -, денеска потпишаа договор со кој оваа реномирана меѓунатродна групација се овластува да врши услуги поврзани со издавање или обновување на сертификати за пловни објекти за внатрешна пловидба кои пловат под македонско знаме.
 
Согласно договорот, „Bureau Veritas“ ќе врши инспекции и прегледи на пловни објекти кои пловат под македонско знаме во внатрешните водни патишта, езера и асимилирани води, со цел утврдување дали овие пловни објекти ги исполнуваат важечките правила, заради издавање или обновување на соодветен сертификат.
 
Доколку инспекторот на „Bureau Veritas“ утврди дека состојбата на пловниот објект или неговата опрема не кореспондира со утврдените критериуми и дека може да биде небезбеден за патниците односно околината, инспекторот на меѓународната компанија има право да побара поправка или преземање на корективни дејствија заради отстранување на недостатоците.
 
Согласно Законот за внатрешна пловидба способноста на брод за пловидба во смисла дали ги исполнува условите пропишани со Техничките правила за бродови во внатрешна пловидба на овластено здружение за класификација, се утврдува со вршење на технички преглед од страна на признато здружение за класификација од листата на признати здруженија за класификација. Врз основа на извршениот технички преглед се издава сертификат за способност за пловидба со кој  се потврдува дека бродот ги исполнува барањата од Техничките правила.
 
„Bureau Varitas“ e меѓународна групација која е специјализирана во областа на инспектирање, анализа и сертифицирање на производи и инфраструктурни објекти. Групацијата е формирана е во 1828 во Белгија, а до сега е присутна во 140 држави преку мрежа од 900 филијали, со повеќе од 39.000 вработени и 370.000 клиенти.

До сега контролта на пловните објекти во Македонија ги вршеше германски „Лојд“ кој по покренувањето на обвинителен акт протин нејзиниот овластен претставник за случајот со потонувањето на бродот „Илинден“, се повлече од земјава.

ОhridNews