Натпреварот на “Сантијаго Бернабеу“ немаше некое поголемо значење. Сепак избраниците на Жозе Мурињо одиграа солидно и втор пат за четири дена им го зедоа скалпот на “тик так“ машинеријата.
За да не биде се така розово во Мадрид се погрижи Адријано, кој имаше крајно неуспешна симулација за пенал. Се тоа се одвиваше во последната минута од судиското продолжение затоа реакцијата на фудбалерите на Барселона беше бурна и заврши со црвен картон за голманот Виктор Валдес.