Градоначалникот на Солун во обраќање на форумот „Национализмот наспроти патриотизмот“ изјави дека сега е шансата да се реши спорот за името. „Од што се плашиме? Скопјаните не се човекојадци“, рече Бутарис, кој додаде дека патриотизмот создава можности наспроти национализмот што ги пропушта.

Бутарис посочи дека Солун води политика на отворени врати за Македонците и Турците.

„Јас го поканив Зоран Заев да ја пречека Новата година во Солун. Поврзани сме и тој е сериозен човек. Од што се плашиме, соседите да не ни го земат Солун? Сега е шансата да го решиме ова отворено прашање во корист на Грција бидејќи денес нашата соседна држава во целиот свет е признаена под своето уставно име. Луѓето од Скопје не се човекојадци, само затоа што таму имаше радикален националист како Никола Груевски, кој е еднаков на нашите ултрапатриоти “, рече уште Бутарис.

Градоначалникот ја повика Владата да ја продолжи својата политика на отворени врати за Македонците и Турците како што тоа го прави Солун.