Екипите на БЗ Груп и АСП ПАК се последните учесници во четвртфиналето на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“, по осминафиналните натпревари одиграни вечерва.

Во првиот натпревар, БЗ Груп со 2:1 го совлада составот на Охридски бисер Филеви, во пресметка која донесе голема борба за пласман во следната рунда.

Пласман меѓу осумте најдобри обезбеди и АСП ПАК, кој со 3:1 славеше против екипата на Џими и ја продолжи борбата за трофејот.

Утре на турнирот е слободен ден, по што натпреварите ќе продолжат со четвртфиналната фаза и нови директни пресметки за место во завршницата.

OhridNews