Со четири натпревари синоќа продолжи групната фаза на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“, во која беа постигнати вкупно 20 голови.
Во рамките на групата Ц, БЗ Груп Струга славеше над Нова-пор со 5:1. Во групата Е, Гранит Х беше подобар од Студио 13 Ресен со 4:1, додека Кибо Пласт службено го доби натпреварот против истата екипа со 3:0.
Најубедливата победа вечерта ја оствари Сатеска, која во натпревар од групата Ф го совлада Екстра Скопско со 6:1.
Денеска на турнирот е слободен ден, а натпреварите од групната фаза продолжуваат утре со нова програма.
OhridNews












