Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29 % во однос на Одлуката од 17.10.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.10.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС95 изнесува 76,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 68,00 ден/лит, велат од РКЕ.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,633 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.10.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,377 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 1,040 отсто, а кај дизелот за околу 0,304 отсто, додека курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,454 отсто, велат од Регулаторна.

OhridNews