Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2019 година, во споредба со октомври 2019 година, е на исто ниво.

Индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, исто така остана на исто ниво.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-ноември 2019 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1.0 %, додека во однос на декември 2018 година остана на исто ниво, соопшти Државниот завод за статистика.

OhridNews