Снежната бура што викендов го зафати Охридскиот регион, не предизвика посериозни проблеми, информираат  за OhridNews од Центарот за управување со кризи – ЦУК.

Јавувањата од граѓани има, но тие главно се однесуваат на проодноста на патиштата и одвивањето на јавниот превоз во одредени подрачја. Проблеми од посериозен карактер засега нема. Што се однесува до сообраќајот, истот се одвива со тековни забрани. Екипи на Македонија пат се на терен на државните патишта, а локално општините Охрид и Дебрца интензивно работат на расчистување на снегот од коловозите согласно плановите за чистење, што е за пофалба. Засега до нас нема стигнато дојава за поголеми проблеми предизвикани од снегот. – информира подрачното одделение на ЦУК Охрид.

OhridNews