Екипата на Чардак Велгошти го забележа најубедливиот триумф досега на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта, совладувајќи ја Дебрца Експрес со високи 16:1 во натпревар од групата Г.

Во останатите два натпревари од вториот ден, БЗ Груп Струга минимално го совлада Дооел Ноче со 1:0 во групата Ц, во натпревар во кој одлучуваше еден погодок, додека Охридски Бисер Филеви со сигурни 4:1 беше подобар од Хотел Тино во рамки на групата Д.

Резултати – сабота, 20 јуни

Група Г

Чардак Велгошти – Дебрца Експрес 16:1

Група Ц

Дооел Ноче – БЗ Груп Струга 0:1

Група Д

Хотел Тино – Охридски Бисер Филеви 1:4

Турнирот продолжува вечерва со нови три натпревари од групната фаза.

Програма за недела, 21 јуни

20:30 часот: Попоски инженеринг Кафе Дома – Томе Електрик (Група Б)
21:30 часот: Гостилница Кај Мече – Кибо Пласт (Група Е)
22:30 часот: АД Галеб – Екстра Скопско (Група Ф)

Организаторите очекуваат и вечерва голем број љубители на малиот фудбал на трибините во Мешеишта, каде продолжува борбата за пласман во следната фаза од турнирот и дел од наградниот фонд од 500.000 денари.

OhridNews