На све дедо шо ми рекол му вервев. Години. Чоекот како дете од стара мајка, напатен чоек комуницираше со мене најмногу со поговорки како секој дедо со внукот. Но една не му ја прифатив….викаше: “Синкоооо…..паковањето производот го продават ( пооооо колку лажаааам, зш тој рече: лице пице продават. Ам како да напишам овде така). Верувај му на дедо“ Е дедо извини ( нека почиват во мир) овде не се сложвам.

Е з`ш не се сложвам. И то со аргументи. Во струшка Хирургија не лицето, ами душата и знаењето ги “продаваат“ услугите. Но за да не ми се наљутит дедо ќе тргнам од лице. Демек да му дам аргументи. Арно ама кажав дека е починат и неможам да му аргументирам нему и некако по случаен избор, појма неам зш, ми падна на ум мојот сограѓан и пријател Министерот за здравство Филипче. Навистина случајно….жими од баба разбојон. Онака колку дан испаднит ко ненедовотен сам со себе сум имал конверзација.

Значи министре да продолжам: Имено во нецели три години четири пати бев “гостин“ на посоченото одделение. И зато сум доволно компетентен да заборнам за лицето и пицето. Ај прво со лицето. Или во превод ај прво со условите (во понатамошниот текст – лице) во кои работат магионичарите…како….не бре министре какви доктори какви бакрачи. Во оние услови само магионичари можда да дает квалитетна услуга. И то од началник преку доктори до одржувачи на хигиена.

Иначе ако речам поопштено лицето од самиот влез се гледат дека е како баба да се шминкала дур се возела на трактор. Гној. Од десно е едно собче за наплата, да прниш да зојт, чија пенџера е заеднички ѕид со соба број 5 која е одвнатре. Ме пратиш министре??? Види го. Ам и мене не ми е јасно, ама аргумент е ова зш јас два пати бев во петка. И ко сакав да земам воздух, го отворив пенџерето, наместо да здишнам наплатив една сметка и пак затворив пенџерето. Ко Митко Митрески и јас.

Со лицето стигнавме до една врата на која пишит WC ( Water closet). И е вотер. Од кај мојт и немојт течит вода. Казанчето е ни мое ни твое. Отворен капак брцаш прсте, мават вода прво в лице, носиме де паста и четка министре, па после то ојт водата в шоља и како Сизив со каменот, така водата се мачит да истуркат. И сега министре ај речи ми дека мојт хигиеничар ова да го средит, а не магионичар. А министре?

Малце за останатите сите, многуте, вкупноте 4 апартмани за пациенти. Каде кревет шо не се креваат никако. А да. Имат и едни донирани (окапав на еден таков, ама се креваше мојот) кој сестрите ко ќе враќет некого од операција се мачет ко јас некогаш со шлеперите. И ко ќе уклучвет инфузии, ако не се како црви ела нек се пробиет да средат све.

Значи, ме пратиш бе???..е аку де да прашам. Значи во сите 5 луксузни соби имат 20 и пол пациенти, а магионичарите….абре не се гагали ко недоветен. И јас знам математика, а и ти знајш ама меѓу мене и тебе имат разлика. Јас биден сум таму и имам све видено, а ти немаш помирисано таму да видиш какво “лице продават пице“. Значит капацитет за 20 и пол пациентт, зш наплатнион апартман примат скоро еден, а тамошните магионичари знает да прает и по 15 операции дневно. Колку охриѓани за месец. И сега ак ти ојт математиката пресметај овај капацитет на оперирани како ги смествет во посочениот капаците? Јас ќе ти кажам. Со магија.

Е сега џанум ова се појќе лициња (услови) за пациентите, ама џанум докторите и сестрите не летет преку ваквите какајнци. Поминвет. Мада министре без докачение не можам да ти плеснам за апаратурата зш незнам каква е, не дека зш не се разбирам, туку зш таму сум под анестезија. Ама можат да ти кажат тие шо ја користат. Ама под услов да појш. Ме пратиш? Јас и да видам незнам.

Ама знам дека мене со магија, од отпишан ми овозможија да ти пишам и да ти аргументирам како овие магионичари спасвет луѓе во плевна. А ти какво твое лице и какво лице (услови) им имаш даено…мада реков случајно те одбрав без причина. Како? Те збунав? Ем зато де сограѓанину, јелај си ваму, дојди во хуругијава струшка, во плевнава, ѕирниго лицето белќим ќе се смилуваш да ги наградиш овие спасители. Не не, не ме разбра пак. Не бре со плата. Тие имет појќе од плата. Пред се знаење и нешто шо сигурно е појќе од знаењето…љубов и душа министре, душа…ак не ме разбра еве на твој јазик: anima. И да знајш вакви јунаци и јуначки појќе лечат со збор отколку со скалпел. Јасно?

Те кажвет ко душа од чоек. Ем ај де докажи. Прво излегвење од кабинет нека ти е директ Хиругија Струга. А неее, немој ти мене имаш информации, ова она шо викаат Пендикон тантара пантара. Идај докажи. Ете ти го плеснав низ очи в очи, а ти биди чоек. Дојди.

Издолжив ама морам уште ова. На 15 километри до ова плевна имаш однесено AIRBUS А380. А таму…таму имат два квалитетни пилоти, ѕеро копилоти, а џанум го имат снемано капетанот. А во плевнава: Кочо, Дуни, Берат, Феси, Златко, Илми, Анита, Аце, Владе…..Гоци, Вики, Пале, Анче, Габче, Лаура…Бица…. пилотирет преуспешно со посраниот “Флаер“ на браќата Рајт зш сите се и капетани и пилоти и копилоти и стјуардеси…..во густо сите се еден тим.

ЏИМИ

П.С. Авторот шо е спасен во оваа “плевна“ од споменатите магионичарите, се извинвит што заради простор не се спомнати сите.

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите