Со голот на Герет Бејл во 90-та минута екипата на Тотенхем славеше победа над Вест Хем на “Аптон Парк“ 3-2.
Во крајно возбудлив натпревар со пресврти и фантастични голови “петлите“ триумфираа и направија чекор повеќе кон местата кои водат во Лигата на Шампиони.
Мечот со погодок го отвори токму Бејл во 13-та минута. До крајот на првиот дел преку Керол “чеканите“ го изедначија резултатот, а во вторите 45 минути поведоа со голот на Џо Кол. Сигурдсон повторно донесе егал, а гол шоуто го заврши Бејл со фантастачен погодок за победа.
Со трите бодови од “Аптон Парк“ избраниците на Андрес Вилјаш Бојаш стигнаа до 51 сезонава и се искачија едно место погоре односно на третата позиција.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com