Европскиот првак Челси брзо се созеде по поразот во финалето од Коринтијанс на Светското првенство и со убедливи 5-1 го совлада Лидс во Капитал купот.


Но, работите не тргнаа така добро за “сините“ откако Бекио во 37-та минута погоди за водство на Лидс. Во вториот дел избраниците на Шпанецот, Рафаел Бенитез брзо израмнаа и до крајот на мечот го торпедираа второлигашот.

Мх.П.