Европскиот првак Челси во заостанатиот натпревар со Саумптетон прокоцка сигурна победа и мечот заврши 2-2.


“Сините“ до 45-та минута со головите на Демба Ба и Белгискиот репрезентатиец Хазард стекнаа предност од 2-0. Која на крајот се покажа како недоволна за триуфм откако прво Ламберт во 58-та намали на 2-1, а во 80-та минута Пунчеон го изедначи резултатот.

По ремито со Саумптетон, Челси по 22 одиграни натпревари во Премиер лигата заостанува 13 бодови зад лидерот Манчестер Јунајтед.

Мх.П.