Чесниот крст во осветените води на Охридското Езеро на празникот Богојавление – Водици, ќе се фрла од бродот „Македонија“.

Во консултација со Дебарско – кичевската епархија и официјално беше одлучено крстот да се фрла од бродот „Македонија“. Тој денеска ќе биде накитен од екипи на јавното комунално претпријатије, а на него покрај литиите ќе има и педесетина гости, меѓу кои и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, изјави за Ohridnews, Томе Тримче, од Здружението на граѓани „Богојавление“.

По повод Водици на градското пристаниште ќе се одржи и голем хепенинг на кој се очекува да присуствуваат околу 30 000 посетители, a за забавата ќе се погрижат повеќе локални оркестри. Во тек е и пријавување на заинтересираните кои ќе скокаат по крстот, кои се очекува да ги има околу 1000.

Г.М.