Македонија денес Денот на Републиката, зачната на Илинден 1903, а родена на АСНОМ во виорот на Втората Светска војна.

На денешен ден во 1903 година почнало Илинденското востание на македонскиот народ против османлиската власт. Најголем успех востанието имало во Крушево каде е формирана Првата Република на Балканот, која, како и востанието, биле задушени во крв по 10 дена.

На 2 Август 1944 година, во манастирот „Свети Прохор Пчински“ кај Куманово, во присуство на 122 претставници на македонскиот народ, било одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на кое се удрени темелите на современата македонска држава.

Двата Илиндена ќе бидат одбележани со пригодни свечености во целата земја.

OhridNews