По повод празникот посветен на големиот светец и просветител Св. Сава, градоначалникот на Охрид Константин Георгиески упати честитка до српската заедница, која го одбележува овој ден како верски и национален празник.

Негово одбележување е придонес кон почитување на различните културни особености на сите заедници во нашето општество. Само така создаваме традиција на негување на меѓусебните односи и почитување на различностите. Српската задница е значаен дел од нашето општество и придонесува во целокупниот општествен, економски и политички развој на нашава земја. Уверен сум дека со меѓусебно разбирање и почитување ќе продолжиме да градиме напредна и развиена држава која се стреми да биде дел од Европското семејство. Честитајќи Ви го празникот, ви посакувам добро празнично расположение, здравје, среќа и бериќет. – се вели во честитката на градоначалникот Георгиески.

OhridNews