По повод објавувањето на 10.000-та вест на Ohridnews, во нашата редакција продолжуваат да пристигнуваат честитки од читатели, колеги, институции. Своевидниот јубилеј ни го честита и СВР Охрид, преку својот портпарол Стефан Димоски:
„По повод 10.000- та објавена информација на Ohridnews, Ви испраќаме искрени честитики со желба за незапирлив натамошен професионален успех.
Како прв локален електронски весник, Ohridnews, е исклучително сериозна медиумска куќа чиј заштитен знак е објективното и професионалното новинарство. Ohridnews е релевантен и читан медиум каде читателите добиваат навремена, објективна и непристрасна информација за сите актуелности во Охрид, регионот и пошироко.
Со желба за понатамошна успешна меѓусебна соработка, Ви посакувам се најдобро“, стои во честитката на портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.