Советот на општина Охрид денеска ја одржа последната 64-та седница во овој состав. Наскоро мандатот на членовите на советот истекува, а по завршување на локалните избори ќе се конституира новиот Совет на Општина Охрид.


Честитки за успешноста и заедничка фотографија за спомен

Последната седница членовите на советот и градската администрација ја искористија да си честитаат меѓу себе за, како што рекоа, успешната работа во изминатите 4 години.

Во своето обраќање, градоначалникот Александар Петрески, се заблагодари на советниците на конструктувната соработка.

Овој Совет е најуспешен од сите досегашни општински совети, но и во Република Македонија, како по квалитетот, така и по начинот на донесените одлуки. Советниците не подлегнаа на политичките притосоци од партиите и работеа конструктивно во интерес на сите граѓани, рече Петрески

Во своето завршно обраќање, претседателот на Советот на заминување, Владо Чингоски, рече дека советниците од овој состав го вратиле дигнитетот Советот.

Овој Совет е успешен и од еден друг аспект, што успеа на советот да му го врати местото кое му припаѓа во ЗЕЛС. Тоа не е група која се среќава еднаш месечно и носи некакви одлуки, туку орган кој ги дава насоките за работа на градоначалникот и општинската администрација, рече Чингоски.

Меѓусебни честитки си упатија и членовите на советот кои по завршувањето на седницата за спомен заеднички се фотографираа.

Ohridnews