Четири бронзени медали за тимот од Македонија на 7. Балканска олимпијада по физика што се одржа во Охрид
01.07.25 11:26
Четири бронзени медали и една пофалница за тимот од Македонија на 7. Балканска олимпијада по физика што се одржа во Охрид.
Во конкуренција на 62 учесници од 16 држави од Балканот и пошироко, тимот од Македонија ги постигна следните резултати:
Бронзени медали:
Андреј Тасиќ – I година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
Елена Јовановиќ – II година, СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, Скопје
Андрија Младеновиќ – II година, ДСУ Математичко-информатичка гимназија, Скопје
Даниел Христовски – II година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
Пофалница:
Јаков Геговски – I година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
Водачи на тимот беа проф. Станиша Велковиќ, член на Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ) и поранешен учесник на олимпијада по физика и Јан Стојановски – студент на Институтот за физика при УКИМ и поранешен олимпијец.
Наградите на најуспешните им беа доделни на свеченото затворање, а настанот беше збогатен и со културно-уметничка програма.
Натпреварот беше во организација на Друштвото на физичарите на Македонија, под покровителство на Балканскиот сојуз на физика, со поддршка од Европското физичко друштво, Природно-математичкиот факултет во Скопје и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дел од финансиските средства за организација на олимпијадата ги обезбеди Министерството за образование и наука.
Охрид повторно беше центар на традиционалното ИТФ таеквон-до Деновиве во спортската сала „Билјанини Извори“ успешно се одржа меѓународниот турнир „Охрид Опен 2026“, на кој настапија 317 натпреварув...
Искусниот голман Градимир Чаневски кој две сезони беше дел од ГРК Охрид, е старо-нов играч на Бутел Тој ќе му се стави на располагање на Стојанче Стоилов кој го предводи новиот проект на Ракометнио...
Директорот на Државна лотарија, проф д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека држава...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.