СВР Охрид деновиве поднесе кривични пријави против 4 лица кои тргувале и пуштале во промет опојна дрога-хероин во Охрид.

Кривични пријави заработија Н.П.(48) од Охрид и В.Ц.(42) од Скопје за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанци и прекурсори”. Според полицијата пријавената В.Ц.  на Н.П. му дала облека во која ималo сокриенo 0,2 грама хероин, по  што Н.П. му ја дал на нејзиниот сопруг кој издржувал казна затвор во КПУ „Охрид“

Исто така СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Ш. (33) од Струга и Х.Б. (22) од Охрид за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанци и прекурсори”. Во период од октромври 2011 до февруари  2012 година, Ј.Ш. во неколку наврати на Х.Б. му продавал хероин за износ од 1.000 до 5.000 денари, а потоа Х.Б. ја препакувал во мали количини и ја продавал на лица кориснци од Охрид. При извршен претрес во домот на Х.Б. се пронајдени 1,5 грама хероин.

OhridNews